Зариф: Иран нема да ги прифати барањата на САД додека не ги укинат санкциите

Фото: EPA-EFE/CEM OZDEL/HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф денеска потврди дека неговата земја нема да ги прифати барањата на САД да го прекинат развојот на својата нуклеарна програма се додека официјален Вашингтон не ги укине санкциите.

– Барањето на САД не е реално и не може да се прифати, рече Зариф на заедничката прес-конференција во Истанбул по разговорите со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Администрацијата на новиот американски претседател Џо Бајден претходно соопшти дека Техеран мора да продолжи да ги почитува ограничувањата согласно нуклеарниот договор на светските сили од 2015 година, пред Вашингтон повторно да се приклучи кон договорот со Иран.

Иран постепено почна да ги крши условите на договорот, откако во 2018 година тогашниот американски претседател Доналд Трамп одлучи да ги повлече САД од меѓународниот договор и повторно да воведе санкции за Техеран.

На почетокот на овој месец, Иран продолжи да збогатува ураниум до 20 проценти во својата нуклеарна централа Фордо, а вчера иранските власти потврдија дека Техеран го надминал најавеното месечно производство од 17 килограми, со што го приближи нивото на нуклеарно оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот