Започнува проектот „Цел Центар на точак“, ќе се даваат субвенции до 3000 денари

Општина Центар го објави Јавниот повик со кој го започнува проектот „Цел Центар на точак“, за субвенционирање на 30 отсто од цената за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет за секој жител на општината, што ќе набави вакво превозно средство од денот на објавувањето на огласот, поточно од 21 март.

Секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед, е-велосипед или е-тротинет ќе може да добие субвенција до 3.000 денари. За доделување на субвенционирана помош потребно е да се достави пополнето барање за субвенционирање, копија од лична карта и трансакциска сметка, како и фискална сметка во оригинал за купен нов велосипед, е-велосипед или е-тротинет. Субвенционирањето трае се до исцрпување на средствата – информираат од Центар.

Барањата со комплетна документација потребно е да се доставуваат во архивата на Општина Центар, барака број6. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.

Од Општина Центар напоменуваат дека правото на субвенција е еднократно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот