Започнува изградбата на речното корито и на трим патека на Серава

Општина Бутел започна со изградба на речното корито и трим патека на река Серава. Со овој проект целосно треба да се уреди коритото на реката во должина од 1500 метри на потегот од СРЦ „Македонија” до последната автобуска на 57-а. Воедно, речното корито ќе биде изградено со камен во цемент малтер.
Станува збор за еден од најголемите проекти кои се реализираат во општина Бутел. Лично како човек, јас и мојот тим одлучивме решително овој проект да биде дел од мојата предизборна кампања затоа што бев сигурен дека ќе дојде овој ден и од денес овој проект да стане реалност – рече градоначалникот Дарко Костовски, кој денеска присуствуваше на почетокот на изградбата.
Костовски додаде дека проектот ќе се реализира во период од 2 години, а вредноста на изведбата е 41 милион денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Бутел.