Започна третата фаза од поставувањето главен цевковод на булеварот Александар Македонски
Од Град Скопјe информираат дека во тек е третата фаза од изградбата на главниот цевковод на булеварот Александар Македонски што претставува изградба на подземната инфраструктура, дел од големиот проект булевар Хрватска.
Препорачано
Увид во работата на терен изврши тимот од Секторот за технички работи и развој на Јавното претпријатие Водовод и канализација Скопје, заедно со директорот Тони Миновски.
-Овој клучен инфраструктурен проект претставува значаен напредок во подобрувањето на системот за водоснабдување на градот. Со реализација на овој проект се формира клучен сегмент од големиот прстен од главни цевководи што ја опслужуваат ниската зона во населеното место Ченто. Со имплементацијата се овозможува подобрување на условите за водоснабдување на секундарната улична мрежа и претставува основен чекор кон оптимизирање на идната функционалност на високата зона- напиша градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Таа додаде дека успешно се изградени повеќе од 70 отсто од оваа трета фаза на проектот и истакна дека со завршувањето на овој проект не само што ќе ги подобри постојните системи за водоснабдување, туку ќе постави и основа за идни подобрувања на капацитетите на градот за управување со водите.


