Започна погребната литургија за патријархот Иринеј, ковчегот изложен но покриен со стакло

Фото: МИА

Во Соборната црква во Белград, каде што е изложен ковчегот со телото на патријархот Иринеј, околу 9 часот започна погребната литургија.

Ковчегот се наоѓа во средината на храмот и е целосно затворен, а во горниот дел е покриен со стакло.

Литургијата ја служи митрополитот дабробосански Хризостом, со сослужение на епископот шумадиски Јован, крушевачкиот Давид и нишкиот Артемије.

Верниците можеа да му оддадат почит на патријархот.

По литургијата, телото на покојниот патријарх Иринеј ќе биде пренесено во Храмот „Свети Сава” во Врачар.

Патријархот ќе биде погребан утре во криптата на храмот „Свети Сава”. 

Тестамент на патријархот Иринеј: Имотот го поделил на три дела, но тајната е во сефот на Патријаршијата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот