Тестамент на патријархот Иринеј: Имотот го поделил на три дела, но тајната е во сефот на Патријаршијата

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Патријархот Иринеј остави тестамент во кој личните работи, грубо речено, ги поделил на три дела.

– Јас Иринеј Гавриловиќ, како смртен човек, сметам за должност со овој своерачно пишан тестамент, додека сум во добро здравје и при лчиста свест, да ја искажам мојата последна волја како да се постапи со мојот имот по мојата смрт, напишал на почетокот патријархот во време кога бил епископ нишки, пренесува „Блиц“.

По правило со тестаментот се остава дел на Епархијата, на некој манастир или на сродници. Во време кога го пишувал тестаментот, сè што имал епископот нишки го поделил на три дела. Личните работи на свештенството на епархијата, на Епархијата и на роднините. Патријархот оставил и пари за својот погреб, во тоа време 50.000 динари, но и во што сака да биде закопан.

Остатокот од имотот, еден дел од парите од плата на Епархијата, друг дел на Српската православна црква (СПЦ) и трет дел на манастирот, односно на сестринството што ќе го негува пред смртта.

Своите лични работи, обувки и гардероба, Иринеј ги оставил на монаштвото. Богослужбените, како крст на напрсток, панагии и икона ги оставил на нишката Епархија. Личниот часовник, телевизор, радио на семејството.

Во тоа време, патријархот Иринеј изразил желба да биде погребан во Соборниот храм во Ниш.

Тестаментот се прави во три примероци од кои едниот го испраќа во Синодот, кој го чува во архива, вториот останува во Епархијата во која седи и третиот останува кај потписникот на тестаментот.

Меѓутоа, во времето во кое го пишувал тестаментот, тогашкиот нишки владика Иринеј не можел ниту да претпостави дека еден ден ќе стане патријарх. Беше еден од епископите кои не се стремеа кон белградската Патријаршија.

Иако говореше „немојте мене“, сепак изборот за поглават на СПЦ падна на него. Грижа за него на крајот на животот не водеше манастир на што се надеваше. Почина денеска во болница од последици предизвикани од коронавирусот.

Многу нешта се променија од како Иринеј се потшишал на сè што поседувал. Колку патријархот го изменил својот првичен тестамент, крие патријаршискиот сеф во кој сигурно има коверт со последните желби.

Почитувањето на одлуката на Синодот дека сите архиереи треба да остават тестамент, во пракса е сведена на добра волја. Така, иско многу се зборуваше за тестамент на митрополитот Амфилохие, по сè изгледа дека го немал.

– Тестаментот е напишан своерачно при чиста свест, здрав разум и целосно слободно, напишал на крај на листот партијархот Иринеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот