Започна наплатата низ Грделичка клисура: Еве за колку се зголеми цената до Белград!

На новоотворениот дел од автопатот низ Грделичката клисура за време на викендот започна наплатата на патарините, иако првично беше најавено дека плаќањето ќе биде воведено дури од 1 јули.

На релација од Белград кон македонската граница, возачите патарина плаќаа три пати: кај Ниш (800 динари), пред Лесковац (210) и од декември 2016 кај Прешево (80) – вкупно 1.090 динари.

Досега вкупно патарините од Белград до Прешево изнесуваа 1.090 динари, но сега системот пресметува различно, па рутата се дели на два дела: патот до Ниш е една делница, а другата е низ Грделичката клисура.

Сега првиот дел за патарините се смета од Белград до Ниш и изнесува 800 динари за автомобилите. Вториот дела од патарините е од пред Лесковац до Прешево и изнесува 540 за автомобили. Според ова возачите за патарини ќе плаќаат 250 динари повеќе во еден правец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот