Запленети 7.500 пакувања цигари во Нови Пазар

Во акција на полицијата уапсен е 25-годишник за кој е поднесено обвинение за сторено кривично дело недозволена трговија со акцизни производи.

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Нови Пазар запленија 7.500 пакувања цигари проценети на околу два милиони динари. Во акција на полицијата уапсен е 25-годишник за кој е поднесено обвинение за сторено кривично дело недозволена трговија со акцизни производи.

Во гаражата на осомничениот кај Нови Пазар полицијата пронашла цигари без акцизни маркички и потребната документација.

Цигарите, за кои постои сомневање дека се наменети за препродажба, ќе бидат предадени на Даночната полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот