Занимливости за маскарата, ја измислил маж, ја усовршила жена до форма во која денес ја познаваме

profimedia

Во форма која денес ја познаваме, маскарата се појавила на пазарот во 1957 година, благодарение на Хелена Рубинштајн.

Маскарата е денес еден од најупотребуваните производи од декоративната козметика. Но нејзината еволуција е прилично долга, за да го добие обликот кој денес го познаваме. Првата маскара е измислена пред околу 170 години.

profimedia
Првата маскара била измислена од страна на хемичарот Ежен Римел (1820-1887). Римел кој имал француско потекло, бил познат британски бизнисмен и парфимерист, познат и по производство на некои од првите козметички производи.

Во 1834 година ја отворил својата парфимерија „Хаус оф Римел“. Веќе на 24-годишна возраст бил славен по своите козметички изуми, меѓу кои и маскарата. До денес името Римел е синоним за маскара.

Ежен Римел, фото Фејсбук

Првата маскара која ја изумил била наменета за актерите во британските театри. Не личела многу на денешните маскари, станува збор за сет-кутија во која имало вазелин и четкичка со која вазелинот се нанесувал на трепките. Маскарата била позната како нетоксична маскара.

Следната генерација на маскари доаѓа од „Мајбелин“. Смесата била направена од вазелин и прашкаст јаглен, била измислена од страна на хемичарот Т.Л Вилијамс, а маскарата била посветена на неговата сестра Мајбел, во 1913 година.

Во 1935 година на австриската пејачка Хелен Винтерштајн Камберски и дошло „преку глава“ од маскари кои не можеле да бидат отпорни на рефлекторите и топлината на сцената. По многу испитувања и обиди, наводно дури околу 2.000 обиди, таа конечно го нашла рецептот за водоотпорна маскара. Смесата почнала да се продава во туби.

Хелена Рубинштајн, профимедиа

Во форма која денес ја познаваме, маскарата се појавила на пазарот во 1957 година, благодарение на Хелена Рубинштајн. Промоцијата на новата маскара Рубинштајн ја направила со спектакуларна ревија во вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот