Заменик-министерот за внатрешни Исени најави казна за полицаец кој вчера фрлил албанско знаме

Астрит Исени / фото: Фејсбук

„Според член 319 од Кривичниот законик, секој што со намера ќе поттикне раздор, нетрпеливост или омраза преку сквернавење или уништување на национални или верски симболи, ќе сноси кривична одговорност. Нема да дозволам ваквото однесување, особено кога доаѓа од вработен во Министерството за внатрешни работи, да остане несанкционирано“, објави вечерва на социјалните мрежи заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени.

„Како заменик-министер за внатрешни работи, јас недвосмислено го осудувам секое сквернавење или неуважување на државните и националните симболи на Македонија, без разлика дали станува збор за знамињата на Македонците, Албанците или на која било друга заедница. Вчера сите заедно го осудивме чинот на сквернавење на државното знаме на Македонија, потврдувајќи ја нашата посветеност на соживотот и меѓусебното почитување. Денес исто така го осудувам и потврдувам дека ќе има одговорност за службеник на Министерството за внатрешни работи кој постапил на навредлив и неприфатлив начин кон знамето кое е национален симбол на Албанците, знаме кое е законски регулирано за употреба согласно важечките правни норми во нашата држава“, пишува Исени во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот