Законот за попис е дециден: Сите злоупотреби на системот ќе се казнуваат со затворска казна 

Симовски

Во член 9 од  Законот за попис јасно пишува дека секој оној што ќе уништи, прикрие, оштети или на друг начин ќе стори да бидат неупотребувани внесените податоци во пописната апликација, ќе се казни со затворска казна од најмалку три години што значи дека кривична постапка ќе биде покрената за сите кои се обидуваат да приложат лажни податоци во системот. 

Директорот на заводот Апостол Симовски веќе предупреди дека сите злоупотреби на системот за попис ќе бидат казнети според казнените одредби од законот за попис, што значи дека секој обид за манипулација на системот односно регистрирање како дијаспора на граѓани кои се во Македонија ќе се сметаат  како намерен упад во апликацијата, а системот ќе покаже дека таквите податоци не се веродостојни.

Денеска програмери јавија дека откриле слабост во системот односно  секое лице кое ќе вклучи VPN може да се попише од Македонија, иако оваа апликација е наменета за македонските граѓани во странство. VPN е алатка која ја редиректира IP адресата на друго место. Користејќи VPN  лажно може да се покаже приклученост од друга држава.

До апликацијата за попишување наменета за дијаспората, може да се пристапи само со ИП адреса од странство, а секое нарушување на процесот на прибирање на податоци е казниво со Законот за попис, наведуваат од Државниот завод за статистика.

– До апликацијата може да се пристапи само со IP адреса од странство. Пристапот од Република Северна Македонија е оневозможен, токму поради тоа што Апликацијата е наменета само за државјаните на РСМ кои живеат надвор од РСМ, но секое нарушување на процесот на прибирање податоци е казниво со Законот за Попис”, наведуваат во соопштение од Државиот завод за статистика.

Од таму потенцираат дека внесувањето на податоци преку ВПН или прикриена ИП адреса, односно самото користење на таква алатка за внес на податоци во Пописот се смета за спротивно на Законот за Попис и Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на Пописот 2021, и може да подлежи на санкции, од причина што претставува лажно претставување и лажно давање податоци.

Од ДЗС посочуваат дека со самиот внес на податоците на таков начин, не значи дека тие автоматски влегуваат во резултатите од Пописот, напротив, сите податоци внесени преку апликацијата подлежат на проверка и споредување со претпописната база на податоци, со податоците што ќе се приберат со попишувањето на терен на целата територија на Република Северна Македонија, а сè со цел утврдување на вистинитоста на податоците.

– Секој податок за кој ќе се утврди дека е лажен, нема да биде земен предвид при обработката и воедно тоа ќе претставува кршење на правилата на Пописот и е казниво со Закон, истакнуваат од Државниот завод за статистика.

При регистрацијата на корисникот и при секој внес на податоците од страна на корисникот, во апликацијата автоматски се запишува од која ИП адреса се внесени податоците.Со пријавувањето на Апликацијата корисникот се регистрира и остава свој ЕМБГ, е-маил адреса, која се верификува со праќање на е-маил за верификација, и телефонски број на корисникот.

 

Програмерка откри слабост на системот за самопопишување: Со користење VPN секој може да се попише

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот