Габриел Бајрам / Фото: Фејсбук

Закани и фрлена бомба во дворот на синот на Амди Бајрам

Синот на Амди Бајрам, Габриел Бајрам пријавил во полиција дека му била фрлена бомба во дворот на семејната куќа.

На 03.10.2021 во 00,13 часот во СВР Скопје Г.Б.(40) од Скопје пријавил дека на 02.10.2021 околу 23.56 часот во дворно место од куќа во негова сопственост на подрачје на Чаир непознат сторител фрлил експлозивна направа која предизвикала оштетување на ограда, врата, прозорци и фасада на куќата. Нема повредени лица. Известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Попладнево на прес конференција, Габриел соопшти дека нема нема повредени лица, но има материјална штета во објектот.

На ова, како што тврди Габриел Бајрам, претходеле и закани по неговиот живот кои биле упатени преку видео повик од маскирани лица, доколку не се повлече од кампањата за локалните избори.

Габриел Бајрам е на советничката листа на СДСМ за град Скопје на претстојните локални избори како кандидат број 10.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот