Загриженоста кај Русите е причина за откажување на важната прес-конференција на Путин, сметаат Британците

Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL

Рускиот претседател Владимир Путин нема да ја одржи својата традиционална прес-конференција за крајот на годината. Ова ќе биде прв пат во последните 10 години да не се одржи конференција, соопшти британското Министерство за одбрана во дневниот извештај за ситуацијата во Украина.

Британските разузнавачи велат дека овој настан инаку е многу важен во календарот на Путин на јавниот ангажман и дека до сега често се користел како можност да се покаже интегритетот на рускиот претседател.

Иако прашањата од новинарите се речиси сигурно однапред проверени, откажувањето на конференцијата укажува на зголемена загриженост за антивоените ставови во Русија.

Според министерството, претставниците на Кремљ секако се борат со можноста на настан на кој ќе присуствува Путин, за нив да има несоодветна дискусија за таканаречената специјална воена операција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот