Путин за прв пат нема да ја одржи традиционалната прес-конференција на крајот на годината

Владимир Путин/ Фото EPA-EFE/GRIGORY SYSOEV/SPUTNIK/

Рускиот претседател Владимир Путин нема да ја одржи својата традиционална прес-конференција на крајот на годината, објави Кремљ, во услови на голем број руски воени неуспеси во Украина и санкции наметнати од Западот кон Москва.

„Нема да има претседателска прес-конференција до почетокот на новата година“, рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на телефонскиот брифинг, истакнувајќи дека Путин разговарал со новинарите и во други прилики, особено за време на неговите патувања во странство.

Од 2001 година, Владимир Путин редовно организира голема пресметка со новинарите, со исклучок на периодот од 2008 до 2012 година, кога ја извршуваше функцијата премиер.

На таа годишна прес-конференција, која обично трае неколку часа, се собираат стотици руски и странски новинари, а Путин во живо одговара на прашања на различни теми, од дипломатија до секојдневни руски теми.

Одлуката да не се одржи традиционалната прес-конференција на крајот на годината дојде откако Русија, која започна воена офанзива против Украина во февруари, претрпе повеќекратни воени неуспеси во последните месеци и нареди делумна мобилизација во септември.

Погодена од серија западни санкции од почетокот на офанзивата, Русија сега се соочува со ембарго на нејзините испораки на нафта во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот