Загрижениот Клоп ја крена фудбалска Европа на нозе: „Најлошото допрва доаѓа“

фото:EPA-EFE/PETER POWELL

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп повика на заштита од „масовната“ саудиска закана со која се соочуваат најбогатите европски клубови и тие едноставно не можат да спречат голем број ѕвезди да заминат на арапскиот полуостров.

Германецот стравува дека европските клубови ќе бидат „ограбени“ откако нивните рокови за трансфери ќе бидат затворени на на 1 септември, бидејќи клубовите во Саудиска Арабија со голема моќ на трошење сè уште можат да купуваат играчи до 20 септември.

– Најлошото е што преодниот рок во Саудиска Арабија е отворен уште три недели. Барем во Европа тоа не е од помош. УЕФА и ФИФА мора да најдат решенија за ова. Се чини дека Саудиска Арабија има прилично големо влијание, тоа е огромно – вели Клоп.

Саудиските клубови би можеле да направат хаос во некои клубови со активирање на клаузули за ослободување на ѕвездите, оставајќи ги европските гиганти во ќорсокак.

Ремонтот на средниот ред на Клоп веќе претрпе голем неуспех откако го загуби капитенот Џордан Хендерсон кој го засили Ал-Етифак за 12 милиони фунти и Фабињо кој ќе продолжи да игра за Ал-Итихад за 40 милиони фунти.

Во меѓувреме, Роберто Фирмино се приклучи на Ал-Ахли откако му истече договорот со Ливерпул.„Црвените“ мораа да ја одбијат и понудата од 43 милиони фунти од Ал-Хилал за колумбискиот напаѓач Луис Дијаз.

Клоп: Мбапе? Можеби клубот ќе ме изненади, тоа би било првпат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот