Клоп: Мбапе? Можеби клубот ќе ме изненади, тоа би било првпат

фото: EPA-EFE/Alexander Hassenstein

Веќе подолг период се објавува дека францускиот фудбалер, Килијан Мбапе наводно сака да го напушти ПСЖ, а покрај Реал Мадрид и клубови од Саудиска Арабија, а воедно се шпекулира за негова сензационална позајмица во Ливерпул.

Англиски „Мирор“ објави гласина дека Мбапе би можел да дојде на Енфилд на едногодишна позајмица.

– Се смееме на таа приказна. Можам само да кажам дека е многу добар играч, но финансиските услови не ни одговараат. Не сакам да ја расипувам приказната, но колку што знам, нема вистина во тоа. Сепак, можеби некој во клубот подготвува нешто и ќе ме изненади, иако тоа се нема случено во текот на моите осум години во клубот. Тоа би било првпат – ги демантираше шпекулациите германскиот менаџер на „црвените“, Јирген Клоп, потврдувајќи дека Ливепул нема средства да доведе таков играч.

Потсетуваме, Мбапе не отпатува со парижаните на подготовките и сака да се пресели во Реал Мадрид.

Понудата на Ал Хилал од 300 милиони евра беше прифатена, но Французинот одби да преговара и засега не покажува интерес за трансфер во саудискиот шампионат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот