Загреб: Протести на просветарите во пресрет на конгресот на ЕПП

Фото: МИА

Непосредно пред почетокот на изборниот конгрес на Европските народни партии (ЕПП) во Загреб, вработените во образованието кои се во штрајк ќе извршат акција „Свирини за образованието” на сите раскрсници од хотелот „Шератон” до местото на одржување на Конгресот, спортскиот центар „Арена”.

Наставничкиот кадар за утре најави протест во тишина пред зградата на Владата.

Синдикатите на основните и средните училишта, кои денеска стапија во генерален штрајк до исполнување на нивните барања, одржаа состанок со министерката за образование Блаженка Делиќ. Но, синдикатите не го прифатија нејзиниот предлог за организирање на настава, наведувајќи дека тие сакаат да го решат проблемот, но дека тоа не го сакаат Владата и премиерот Андреј Пленковиќ.

Хрватската Владата според понуди зголемување на основата за плата за 6,12 проценти следната година, изработка на анализа за плати во јавниот сектор, која исто така вклучува и коефициенти, и договор за додаток на плата од два процента, доколку владата не измени регулатива за коефициент до 30 јуни. Но, владината понуда беше одбиена минатата недела од синдикатите кои најавија дека ќе продолжат со штрајкот до исполнување на нивните барања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот