Загина градежен работник во Битола

Фото: Драган Митрески-Градежни работни

Градежен работник од околината на Битола починал откако паднал од објектот на кој работел во градот, соопшти МВР.

„На 05.10.2021 во СВР Битола било пријавено дека од објект во изградба на ул.„Крушевска република” во Битола, Б.Н.(62) од с.Барешани, битолско, додека изведувал градежни работи паднал и починал. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено во судска медицина за обдукција. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола заедно со трудов инспектор,“ се вели во полициското соопштение за несреќниот настан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот