Загатката е решена: Зошто кучињата сакаат да си ја бркаат опашката?

Фото: Pexels / Sam Lion

Честопати можеме да видиме како кучиња си ја „бркаат“ сопствената опашка. Но зошто? Експертите велат дека постојат неколку можни причини за таквото однесување, како и начини како да се спречи тоа, пишува „Лајв саенс“.

Помладите кучиња едноставно можат да си ги бркаат своите опашки од забава. Тие можеби сè уште не сфаќаат дека нивните опашки се всушност дел од нивните тела. Но, експертите од болницата за животни Шертц во Тексас одвоија уште неколку можни причини:

Досада

Досадата може да биде уште една причина, особено кога кучињата се оставени сами на долги временски периоди.

„Секогаш кога кучето не се забавува или не е доволно активно, има потенцијал да му биде досадно“, изјави Расел Хартштајн, консултант за однесување на кучиња.

За кучињата кои трчаат во круг бидејќи им е досадно, едноставно решение може да биде да си играат или да одат на подолга прошетка. Повеќето кучиња попрво би бркале топка отколку сопствената опашка.

Внимание

Друга причина зошто кучињата можат да ги бркаат своите опашки е дека бараат внимание.

„Сопственикот на кучето можеби го наградил однесувањето со смеење или велејќи ‘добро момче’“, рече Хартштајн.

За да го спречите бркањето со опашката, игнорирајте го неговото однесување и посветувајте здраво внимание на кучето.

Фото: Flickr / Aaron Sorrell

Физички заболувања

Се случува и физичките заболувања кај кучињата  да се поврзани со бркање на опашката. Повреда на опашката, чешање поради цревни паразити или болви, болни анални жлезди или алергии на храна може да предизвикаат кучето да лиже, гризе или да мавта со опашкат. Експертите советуваат доколку кучињата одеднаш почнат да ги бркаат или да ги гризат опашките, нивните сопственици треба да закажат посета со ветеринар.

Невролошки нарушувања

Исто така, бркањето на опашката може да се поврзе со невролошки нарушувања, како што е кучешко-компулсивно нарушување, кучешка верзија на опсесивно-компулсивно нарушување.

„Интересно е што кучињата на кои им биле давани додатоци во исхраната, особено витамини и минерали, покажале помалку потреба од бркање на опашката во споредба со кучињата на кои не им биле давани никакви додатоци. Стерилизираните женки покажаа помала потреба од бркање на опашката, што укажува на ефектот на хормоните врз оваа навика“, рече Лохи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот