Заев во судница одговараше на прашањата од Јанкуловска за изборите во 2014

Беше комплетно со полиција блокирано струмичкото село Баница и се оневозможуваше било каков влез или излез од селото на претставници од опозицијата за да го набљудуваат избирачкиот процес, изјави Заев.

Тој додаде дека шумски инспектори се заканувале врз група граѓани, од друго струмичко село, за време на изборниот процес од 2014 година, и тоа пред Заев, иако тогаш бил лидер на опозицијата и градоначалник на Струмица.

-Тоа беше исклучително дрска постапка, изјави Заев во судницата. Премиерот нагласи дека до него пристигнувале голем број жалби од страна на административци за закани и притисоци, што според него би било доволно за опозициската партија да не ги признае изборните резултати.

-Наместо три до десет илјади гласови разлика што беа во корист за СДСМ во четвртата изборна единица, таа година поддршката беше драстично намалена, што е доволен доказ за нашите тврдења, кажа Заев.

Прашање до премиерот упати и адвокатот на одбраната, Еленко Миланов, за кого од интерес беше дали Заев за ова дело дал исказ во СЈО.

-Не е точно дека не сум дал исказ во поранешното СЈО, изјави Заев.

Миланов дополни дека таков исказ одбраната не добила, односно дека намерно од адвокатите таквиот исказ бил сокриен.

-Господине Заев, кога зборувавте за периодот на изборите во 2014 година, рековте дека директно сте разговарале со Груевски. Дали тоа значи дека ваква директна комуникација под овие околности имавте само со Никола Груевски или и други претставници на ВМРО-ДПМНЕ?, праша обвинетата Гордана Јанкуловски.

-Не се сеќавам, но секако дека комуницирам со луѓе и кревам телефон. Веројатно сум комуницирал и со друг претставник на извршната власт поради нашите забелешки на изборниот процес, одговори Заев.

Јанкуловска праша и дали имало комуникација на релација Заев – Груевски на самиот изборен ден во вториот круг и дали нивната координација била единствено на ниво на претседатели на партии.

-Координацијата беше на барање на Груевски, а тоа му беше алиби дека комуницирал со мене за надминување на изборните нерегуларности, кажа Заев.

Заев: Се договорав со Груевски само за измени во Изборниот законик

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот