Заев-Тимоние: Франција гледа капацитети во Северна Македонија за европските интеграции

Франција гледа капацитети во Северна Македонија за европските интеграции. Важно е нашата држава да го задржи курсот напред на евроатлантскиот пат, било посочено на средбата меѓу премиерот Зоран Заев и францускиот амбасадор во заминување Кристиан Тимоние.

Премиерот Заев, како што соопшти владината прес-служба, изразил благодарност до амбасадорот Тимоние, за неговата посветена и принципиелна работа во насока на развој на демократските и европските вредности во нашата држава.

-Покажавме дека имаме капацитети да носиме одлуки со коишто државата оди напред. Станавме членка на НАТО, добивме одлука за почеток на преговорите со ЕУ и ја очекуваме меѓувладината седница за отпочнување на преговорите, ја зацврстивме меѓуетничката кохезија дома, ги развиваме и понатаму добрососедските односи, што го покажа посетата на Атина каде зборувавме за економија и соработка на бизнисите. Сега сме силно посветени на борбата против криминалот и корупцијата и владеењето на правото, што е потребно во европските интеграции, но и за нашите граѓани, кои очекуваат да ги обезбедиме европските стандарди дома, рече премиерот.На средбата е изразена заедничка согласност дека конструктивноста од страна на сите политички субјекти е важен фактор во развојот на државата, стои во соопштението.

Разговарано e и за можностите што се пред Северна Македонија и Франција во развојот на билатералната соработка, посебно во економијата, здравството, енергијата и зелената енергија, дигитализацијата и е констатирано дека има услови за интензивирање на соработката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот