Заев: Со датумот за преговори за ЕУ и влезот во НАТО, шансите на опозицијата на избори се никакви

Премиерот Зоран Заевод собраниската говорница на седницата за избор на нови министри и заменици министри, денеска истакна дека со добивање на датум за преговори за влез во ЕУ, и со тоа што нашата земја ќе стане членка на НАТО, опозицијата нема да има никави шанси да ги добие следните избори.

– Ние постоиме за државата, за неа работиме. Ќе го исполниме целиот мандат и до крајот на 2020 година ќе и дадеме на економијата да оди напред, испланирано и бројките ќе бидат уште подобри. Опозицијата тоа го знае. Со датум за преговори за ЕУ, како земја членка на НАТО, и со добри економски параметри, вашите шанси се никакви за изборите. Нашите шанси се подобри зашто носевме одлуки без разлика на нашите политички кариери, додека некој се криеше и немаше храброст, во име на НАТО и ЕУ интеграциите да направи еден чекор за државата. Само заради сопствените политички калкулации“, истакна Заев.

Премиерот Заев изрази убеденост дека со решени стратешки проблеми, со интегрирана земја, со економска 2019 и 2020 година.

– За да планира економијата, бизнисот, домаќинствата, редно еда исполниме целосен мандат. Зошто да одиме на избори на секои две години? Ние неколку пати претходно побаравме од опозицијата да одиме на избори. Дури понудив и заедничка влада за да ги донесеме оствариме побргу реформите. Опозицијата одби, не сакаше. Сега ако дозволиме предвремени избори ќе ве победиме, и повторно ќе бараат предвремени избори – нагласи Заев.

Говорејќи за економските политики, премиерот Заев изјави дека сегашната опозиција, како претходна власт, оставила долгови во висина од 840 милиони евра само заради непродуктивни трошоци.

– Одвоивме 50 милиони за општините зашто под режимска наредба работеа без покритие, само за да се одржи власта. Чесно помогнавме да се стабилизираат за да ги поттикнат развојот.Решивме дека после 27 години државата треба да ги тргне крупните државни проблеми за да може да одиме напред. Да, меѓу другото, за да може и економијата да тргне напред. Затоа што 2, 3, 4 проценти развој не е доволно. Треба да имаме поголемо темпо и динамика на развојот, а со такви проблеми со соседите какви што имавме, тоа не беше можно – потенцираше премиерот Заев.

Тој додаде дека паралелно се подготвуваа проектите и паралелно се раздвижуваше економијата.

– Очекуваме на крајот на годината одличен резултат. Странските инвестиции во вториот квартал изнесуваат 119 милиони евра, со извоз од 111 милиони што не е наплатен, а ќе биде наплатен. Затоа странските инвестиции се бележат на крајот на годината. На крајот на минатата година изнесуваа 624 милиони евра, а оваа година ќе бидат и повеќе – рече премиерот Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот