Заев: Скопје се издигна од пепелта и стана симбол на несебичната поддршка и на заедништвото

Скопје, како што пишува лидерот на СДСМ, се издигна од пепелта и стана симбол на несебичната поддршка и на заедништвото.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска на својот профил на Фејсбук по повод 57 години од денот на катастрофалниот земјотрес напиша дека 26 јули 1963 година е денот чија зора наместо будење, нов ден и нова надеж за Скопје и скопјани донесе траор, плач, неверување и 1.070 погинати сограѓани.

-57 години после катастрофалниот земјотрес, споменот за настраданите живее, онолку силно колку и споменот за солидарноста со која светот му подаде рака на Скопје. Вечна им слава на жртвите на овој тажен ден, напиша Заев.

Скопје, како што пишува лидерот на СДСМ, се издигна од пепелта и стана симбол на несебичната поддршка и на заедништвото.

-Да бидеме горди на ова наше Скопје, нека ни биде водилка и потсетник да продолжиме да градиме заедништво и солидарност!, пишува во објавата на Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот