Заев: Патниците се од Северна Македонија, еден е од Прешево и еден со белгиско државјанство

Бујар Османи, Зоран Заев и Венко Филипче
Бујар Османи, Зоран Заев и Венко Филипче / Фото: МИА

Ќе почекаме причините за несреќата да ги кажат стручните служби. Настраданите не се само од Скопје, туку се од повеќе места. Сите се граѓани на Северна Македонија, од повеќе националности се, но има и еден граѓанин од Прешево, Србија, кој заедно со вереницата од Куманово бил во Истанбул на прошетка. Во листата видовме и дека има едено лице со белгиско државјанство, изјави премиерот Зоран Заев кој денеска, заедно со министрите за здравство и за надворешни работи, Венко Филипче и Бујар Османи, ги посети седумте хоспитализирани во болницата Пирогов во Софија.

Одговорајќи на новинарски прашања, Заев рече дека се уште не знае детали иако имал информација дека тие седуммината што преживеале, кога настанала несреќата успеале да го скршат прозорецот кај задните седишта.

– Ќе оставам на бугарските експерти да ги кажат анализите за причините на несреќата. Живите имаат впечаток ккао тоа се случило. Ако ние политичарите тоа го кажуваме, може да настане проблем. Не може премиерот на Северна Македонија да каже дали брзината била соодветна или дали бил исправен автобусот, тоа ќе го кажат стручните служќби, експертите и професионалците, нагласи Заев.

Информацијата за несреќата тој, како што истакна, ја добил во 3:30 часот ноќеска од премиерот Стефан Јанев, а потоа му се јавил и претседателот Радев.

– Благодарен сум за посветеноста околу истрагата. Знам дека прават се како за свои граѓани. Ќе можеме по посетата на болницата од Јанев да се информираме за деталите. Прво ќе се видам со него, а со нас е постојано министерот Стоев. Благодарни сме на целата асистенција, подвлече Заев.

Тој информира и дека членови од семејствата на лицата кои се хопситализирани веќе дошле во болницата.

– Тука се, имаа можност да си ги видат своите роднини, да поразгивараат со нив, а дел од нив ги запознаеме, рече премиерот.

Заев рече и дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски го информирал дека превозникот е „Беса транс”, кој стандардно и најчесто вози туристички тури на релација Истанбул – Софија – Скопје.

– Не можам да кажам детали, знам само како се вика фирмата, дека се занимава со туризам и дека има повеќе автобуси, како и дека се често на релација Истанбил – Софија – Скопје, нагласи Заев.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот