Заев направи голем чин, ама сметам дека не треба да се повлече, вели валандовскиот градоначалник Костадинов

Градоначалникот на Валандово од СДСМ, Перо Костадинов, вечерва во гостување на телевизија Телма, коментирајќи ја оставката на премиерот Зоран Заев, рече дека тој смета оти премиерот и претседател на СДСМ не треба да се повлече.

-Тоа е негов личен став. Мислам дека пред нас ќе имаме убав период, бидејќи пораката ја сфативме, да направиме и анализа и реорганизација. Периодот ќе покаже дека лекцијата е прифатена и тоа е убаво, бидејќи се менуваме. Пред пет години ние навистина живеевме под режим. Чинот на Заев е навистина голем. Се што претходно се случувало промени во париите, биле кога биле во опозиција. Сметам дека не треба да си поднесе оставка. Тоа е мое лично мислење, но го почитувам неговиот став, рече Костадинов.

Меѓу другото, Костадинов го праша градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој исто така гостуваше во емисијата: „Колку е поразлично ова ВМРО-ДПМНЕ од партијата на Груевски?“, на што не доби конкретен одговор.

-Кај нас национализмот и националистичкиот фолклор за жал се користи за гол популизам. Навистина ми е жал што ние се случува ова“ кажа Костадинов, коментирајќи ги конститутивните седници на советите на кои се користи старото име на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот