Заев му се јави на Мицотакис за да му ја честита победата

Фото: МИА

Премиерот Зоран Заев имаше телефонски разговор со Киријакос Мицотакис, претседател на Нова демократија и нов премиер на Грција, информираат од владината служба.

„Премиерот Заев ја честиташе победата на парламентарните избори на господинот Мицотакис, при што посака просперитет и благосостојба на соседот Грција и на грчкиот народ. Двајцата премиери заеднички изразија надеж за продолжување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција, во очекување на нивната прва средба како премиери. Премиерот Заев ги потврди позициите дека Грција е стратешки партнер на Северна Македонија со којшто развиваме соработка и градиме трајно пријателство и изрази благодарност за поддршката којашто нашата земја ја добива од Грција, за членството во НАТО и за почетокот на преговорите со ЕУ.

Премиерот Заев во разговорот упати признание и честитки за успешните демократски избори во Грција, нагласувајќи дека со овие избори земјата уште еднаш покажува дека е водечка во регионот, како најсилна и најстабилна демократија, долгогодишна членка на ЕУ и НАТО, што придонесува кон стабилноста и развојот на регионот.

Премиерот Заев упатува во оваа прилика голема благодарност до досегашниот премиер на Грција и лидер на Сириза, Ципрас, за соработката со која беа поставени темели на трајно пријателство меѓу нашите земји и за визијата со која беше поставена основа за еден нов Балкан од кој зрачи мир, како и за храброста со која заеднички се вложија да го решат спорот кој 27 години ги попречуваше билатералните односите меѓу нашите држави и народи“, информираат од Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот