Заев: Македонскиот народ постоел низ вековите

Наша аспирација е да бидеме дел од ЕУ. Македонија нема територијални интеграции кон Бугарија, ниту према било кој сосед – нагласи Заев.

Забраната за владино рекламирање останува. Јавната кампања е јавна кампања. За тоа ќе разговараме со медиумите, изјави во вечерашното гостување во „Само вистината“ премиерот Зоран Заев.

Во средината на јануари ќе дојдат во земјава европски експерти, рече Заев, кои ќе помогнат во законот за Авторски права кој се однесува на емитувањето на програмите од националните ТВ концесионери.

– Со Бугарија и Грција имаме Договор за пријателство, ние не се закануваме кон никого и се движевме да постанеме браќа. Но, наеднаш соседна Бугарија реши да ни станат татко. Сите ние имаме своја чест и достоинство. Ние не преговараме за идентитетот, туку за историски прашања. Не можете да ја присвојувате историјата еден на друг. Наша аспирација е да бидеме дел од ЕУ. Македонија нема територијални интеграции кон Бугарија, ниту према било кој сосед – нагласи Заев.

Заедничка историја има целиот Балкан, има и цела Европа, вели премиерот на Македонија.

– Ние немаме проблем да го објавиме од тоа што е договорено. Јас верувам дека историјата ќе ја оставиме на историчарите. Не смееме да го скратиме правото на самоопределност. Македонскиот народ постоел низ вековите исто како и бугарскиот. Мислам дека со Бугарија е возможно да се постигне договор. Блиску се до договор. Нашиот тим е составен од историчари и јас верувам од нив, учам од нив. Тие се врвни експерти – рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот