фото Архива

Заев: Македонија официјално се вклучува во проектот Александруполи, ја зацврстуваме соработката со соседна Грција

Република Северна Македонија ќе биде дел од проектот за изградба на терминал за течен природен гас на 17 километир од Александруполи за складирање и гасификација на течниот природен гас со капацитет од над 5,5 милијарди кубни метри, изјави денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев, по повод потпишување на меморандумите за реализација на проектите за терминал на течен природен гас, обезбедување  капацитет за природен гас и гасната централа Александруполи.

Северна Македонија учествува со 25 проценти во гасната централа на природен гас во Александруполи со 800 мегавати, проценетата инвестиција од над 380 милиони евра, во гасниот терминал 10 проценти учество со вредност од околу 370 милиони евра, поддржан проект од ЕУ, кои според планираното треба да бидат пуштени во употреба до 2023 година.

Станува збор за Меморандум за соработка помеѓу Националните енергетски ресурси „НЕР АД” Скопје и „Елени Асмина Копелозу” и Меморандум за соработка помеѓу Електрани на Северна Македонија „АД ЕСМ” и „Гастрејд” за закуп на капацитет во терминалот, како и Меморандум за соработка помеѓу „АД ЕСМ” и „ДАМКО ЕНЕРЏИ” за стекнување на 25 проценти удел во „Александруполис електрисити продакшан”.

Официјално, нагласи Заев, ја зацврстуваме соработката на полето на енергетика со компании од соседна Грција.

– Нашето вклучување во изградбата на терминалот Александруполи во Грција ќе создаде можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за земјата, од каде потоа ќе се дистрибури и пошироко во регионот, изјави Заев.

На настанот за потпишувањето присуствуваат извршниот директор на Копелузос Груп, Христос Копелузос и заменик-претседателот на Гастрејд, Коститс Сифнеос, претставници на американската Амбасада, како и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, извршен директор на Национални енергетски ресурси – „НЕР АД” Скопје Бајрам Реџепи и претседател на УО и генерален директор на А.Д. Електрани на Северна Македонија – „А.Д ЕСМ” Васко Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот