Заев: Ќе одам во Софија повторно и повторно и повторно…

Македонскиот премиер Зоран Заев / Фото: Слободен Печат. / Драган Митрески

Тие што ме знаат добро, знаат дека не се откажувам. А тие што не ме знаат, нека знаат дека не се откажувам. Ќе одам во Софија повторно, и повторно, и повторно… и ќе барам решение, порача Заев на денешната прес-конференција по блокадата на Бугарија.

Тој истакна дека минатата недела заедно со делегацијата на Влада на РСМ биле во посета на Софија, со отворено срце со подадена рака за решение и подготвени за исчекор во позитивна насока заедно со Бугарија.

– Претходно во Софија беше и премиерот Рама, иако направивме заеднички позитивен исчекор, за жал и покрај јасните и недвосмислени пораки од цела меѓународна заедница дека сега е моментот да се најдат сили за пробив, бугарските колеги не успеаја да соберат доволно сила да одобрат почеток на Северна Македонија и Албанија со ЕУ, изјави Заев.

Тој изрази големо разочарување и покрај очекувањата дека ЕУ нема да ја одобри преговарачката рамка за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија и додаде дека ова е огромен неуспех за политиката на Европската Унија, за нејзиното проширување, како и е лоша порака до целиот региот.

– Гласот Бугарија да не ја одобри преговарачката рамка наспроти сите останати земји членки сметаме дека не е во духот на добрососедските односи. Ние сметаме дека европските интеграции не смеат да бидат заложник на билатералните прашања. Преговорите со ЕУ, не смеат да се претворат во прегтовори со Бугарија. Нашиот напредок во ЕУ интеграциите треба да зависи од домашните реформи, врзани со поглавјата законодавството на ЕУ и постигнување на ЕУ стандардите. Токму затоа сметаме дека во рамката не смеат да се вметнуваат билатерални прашања, тоа е опасен преседан и тоа е став кој го делат сите членки на ЕУ. Македонскиот идентитет е невозможно да биде предмет на преговори, изјави Заев.

Заев исто така истакна дека и покрај разочарувањето, Европската Унија е единствената алтернатива за која се вложуваат искрени напори.

– За нас европските вредности се светост колку и самата ЕУ не успее да ги одбрани. ЕУ нема ексклузивитет врз Европа, додава Заев.

Заев: Европа има проблем со самата себе, Балканот демонстрира европски вредности

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот