Заев: Да продолжиме кон достоинствено општество на среќни луѓе

фото Фејсбук

Овие празнични денови, меѓу најблиските и саканите, секој нека го почувствува огнот на светлината и топлината, што водат кон мир и радост, стои во честитката од лидерот на СДСМ, Зоран Заев. 

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, во чест на големите христијански празници Бадник и Рождеството Христово Божик, во името на партијата и во негово име  упати честитка до г.г. Стефан, архиепископот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, до претставниците на Синодот на МПЦ – ОА и до сите луѓе во нашата држава, кои ги чествуваат овие празнични денови.

-Раѓањето Христово, што со векови симболично го одбележуваме секоја нова година, е силна порака дека секој од нас лично, како верник, како човек, како дел од општестeството, ја има можноста да го послуша гласот на совеста, да се надрасне себеси и уште поопределено и понасочено да дејствува кон доброто, за себе, за децата и родителите, за семејството, но и за доброто на заедницата и на државата во коишто живее, работи, твори, учи, дејствува, се наведува во честитката.

Христовото раѓање, стои во честитката, потсетува на одговорноста пред којашто е исправен секој совесен човек, да стои искрено и храбро на страната на вистината и правдата, да ги негува и практикува вредностите на солидарност, на подадена рака едни кон други, на меѓусебна почит, разбирање, мудрост, трпение, љубов. 

-Затоа, овие празнични денови, меѓу најблиските и саканите, секој нека го почувствува огнот на светлината и топлината, што водат кон мир и радост. Низ сплотеност и хармонија, како што упатуваат христијанските вредности, кои се и универзални вредности, да продолжиме уште пофокусирано по патот по којшто придонесуваме кон достоинствено општество на спокојни и среќни луѓе. Христос се роди! Среќни празнични денови на сите”, стои во честитката од лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот