Заев: Благодарност за земјите од В4 за силната поддршка за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан
Слободен печат
Пред
На денешниот Министерски Совет заедно со амбасадорите на Полска, Унгарија, Словачка и на Чешка изразивме надеж дека ќе биде постигнато прифатливо решение за деблокирање на евроинтеграцискиот процес за Северна Македонија, објави премиењрот на република Севрна Македонија Зоран Заев на својот фејсбук профил.
-Благодарност за земјите од Вишеградската група за нивната силна поддршка за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан.
Со амбасадорите на Полска – Војциех Тицињски, Унгарија – Ласло Иштван Дукс, Словачка – Хенрик Маркуш и на Чешка – Мирослав Томан, разговаравме за денешниот Министерски Совет за општи работи на ЕУ и изразивме надеж дека ќе биде постигнато прифатливо решение за деблокирање на евроинтеграцискиот процес за Северна Македонија засновано на предлогот на португалското претседателство со ЕУ.
За време на работниот појадок претседателот на Владата Заев ги нагласи очекувањата од претстојниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан со нивните колеги од Вишеградската Група од кој ќе се реафирмираат заложбите и пораките за поголема динамика на процесот за проширување на ЕУ.
Посебна тема на денешниот состанок беше размената на искуства за менаџирање на Фондот за Западен Балкан кој беше инспириран од соработката со В4, при што беше споделена определбата оваа соработка да продолжи и понатаму.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Пред штимувањето на инструментите и првиот отсвирен тон – пред да започнат со проба – се најдовме со еден од новите скопски бендови, „Персеида“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Тест на личноста — изберете вазна и дознајте дали ја инспирирате околината да прави добри дела 2 Можеме ли да влијаеме на …
По скандалот во Гостивар, откако јавноста дозна дека граѓаните 20 дена пиеле вода од чешма загадена со фекалии 48 пати над дозволените граници, ги прашавме случајните минувачи од каде пијат вода. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Тест на личноста — изберете вазна и дознајте дали ја инспирирате околината да прави добри …