Зачини против настинка и грип, го греат телото, ја подобруваат циркулацијата…

Фото: Pixabay

За да ја зголемите отпорноста на организмот, да ги спречите настинката и грипот, или да ги ублажите нивните симптоми, употребете ги зачините, и тоа најпрво оние во боите на есента. Се препорачува кари, куркума, цимет, пиперка, ѓумбир, шафран, мелен бибер. Овие зачини го „греат“ телото, ја подобруваат циркулацијата, ја ублажуваат болката, даваат енергија… Станува збор за некои од најздравите состојки на природната медицина.

Куркума

Силниот зачин со интензивна жолта боја е најмногу употребуван во индиската медицина. Богат е со антиоксиданти, а неговата состојка куркумин, полифенол, е достоен „соперник“ во борбата против воспалителните процеси. За да „продишете“, додадете една лажичка прав од куркума во шолја млеко. Кога ќе заврие, почекајте само малку да се излади и пијте го топло млекото, најдобро непосредно пред спиење.

Ѓумбир

Со векови се користе во различни цели. Помеѓу останатото, ќе ве згрее, ќе се изборите со бактериите во грлото, ќе ја одстраните слузта од грлото и белите дробови, ќе го запрете кашлањето… Ѓумбирот го поттикнува организмот да произведува дермицидин, заштитник против нападите на некои организми. Овој природен лек за настинка и грип, мелен, можете да го додадете во салатите или од него да направите чај. Со помош на чајот ќе го зајакнете имунитетот и ќе го излекувате воспалението на грлото, а за неговата примена потребни ви се 15 минути и, освен 25 грама свежо сечкан ѓумбир, и 2 лимони, 4 лажици мед и литар вода. Ѓумбирот ставете го во водата, и кога ќе зоврие, варете уште десетина минути на средна температура. Извадете го ѓумбирот, а кога чајот ќе се излади, додадете сок од два лимони и засладете со мед. Пијте 3-4 шолји чај дневно. Можете, исто така, да направите сок од едно парче ѓумбир, исечкан на ситни парчиња. Ставете ги парчињата ѓумбир во 5 дл вода, варете десетина минути, па засладете со мед.

Лек против кашлица

Потребни состојки: по една четвртина лажичка кајен пиперка и ѓумбир, лажица јаболков оцет, 2 лажици вода, лажица мед. Подготовка: ставете ги пиперката и ѓумбирот во оцетот и водата, потоа додадете мед и добро промешајте. Лекот е подготвен за употреба. Пијте по една лажичка, но претходно добро протресете го. Ако правите помала количина од лекот, тогаш нема потреба да го држите во ладилник.

Цимет

Ги стимулира виталните функции на организмот, има противвоспалителни и антибактериски својства. Помешајте една четвртина лажица цимет со лажица млако млеко. Во случај на настинка пијте три пати по една супена лажица. Ќе ги исчистите синусите и ќе ве ослободи од кашлицата.

Чили

Овој исклучително лут зачин, поради капсаицинот, е одличен антиоксидант. Направете чај од шипинки и иситнето чили. Интензивниот вкус на чили пиперката ќе ви помогне да се ослободите од вирусот на грипот.

Шафран

Поради високата цена и интензивниот вкус, шафранот е дел од многу рецепти. Неговата активна состојка кроцетин, која му ја дава портокаловата боја, има антиоксидативни и антиканцерогени својства. Додаден во јадењата, најпрво во оризот, или во чајот, шафранот може да ве заштити и од настинки. Истото се однесува и на карито.

Црн африкански ким

Во комбинација со медот е одличен за јакнење на организмот, бидејќи го поттикнува развојот на имунолошките клетки кои се важни во борбата против многу заболувања, па и на сезонскиот грип.

Феферони и црвена пиперка

Капсаицинот е активна состојка од фефероните, а докажано е дека назалните спрејови кои содржат капсаицин можат да ја намалат затнатоста на носот. Или, додадете лута пиперка во пилешката супа и ќе добиете традиционален лек против настинка, кој ќе ги стесни крвните садови во носот и грлото.

Рен

Истражувањата покажале дека сокот од корен на ренот може да ги лекува проблемите со синусите, кои често одат заедно со грипот. Земете наутро и попладне по 1,5 лажичка изрендан рен, или додадете го во оброкот. Исто така, можете да направите и средство за плакнење на грлото, така што во чаша топла вода ќе ставите лажица свежо изрендан рен, лажица мед и лажичка мелени каранфилчиња. Промешајте и полека пијте од течноста.

Каранфилче

Поседува еугенол, активна компонента која има противвоспалителни и антибактериски својства.
Оригано: Одличен е за кревање на имунитетот. Штити од настинка, грип и треска. Иако најчесто оди со јадења со тестенини, можете да го додадете и во други.

Лук

Станува збор за билка која ја користиме како неизоставен дел од многу јадења. Содржи антиоксиданти и може да го штити телото од слободните радикали. Докажано е дека може да го спречи настанувањето на настинката. Алицилинот, кој се ослободува кога ќе го згмечиме лукот, го јакне имунолошкиот систем, ја лекува главоболката, грипот, настинката, ја ублажува кашлицата и инфекциите на дишните патишта.

Бидејќи го поттикнува препотувањето, можете да го употребите и како средство за намалување на телесната температура.

Кромид

Како и лукот, кој уште го нарекуваат и руски пеницилин, и кромидот е важен во борбата против настинката. На пример, со помош на чај направен од кромид можете да го одзатнете носот. Се прави така што пет главици кромид се варат, повремено мешајќи, околу два часа во два литра вода на која сте додале и неполна шолја мед. Чајот пијте го додека е топол. Ако имате проблем со кашлањето, тогаш од кромидот направете средство за искашлување, така што ќе прегорите лажица шеќер, прелијте го шеќерот со 4 дл ладна вода, и на тоа додадете лимон исечен на половина, две чешниња лук и еден кромид, во лушпа.

Напивката е сварена кога кромидот ќе омекне. Процедете ја течноста, поделете ја на три дела и пијте ја наутро, напладне и пред спиење. Со помош на оваа напивка ќе го исфрлите секретот од белите дробови и буквално ќе продишете.

Кајен пиперка

Овој многу остар јужноамерикански зачин, направен од исушени измелени фeферони помешани со лута пиперка, доколку е во облик на тинтура, може да ви помогне да ги прочисите синусите и да ги излекувате симптомите на настинка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот