Забрчанец: Владата ја прифати листата на професионални портали, произлезена од саморегулацијата на медиумските организации

Марјан Забрчанец / Фото: Принтскрин

„Владата го прифати и призна регистарот на веб портали изработен од медиумски заедници во процесот на саморегулација како валиден. Листата од стотина портали кои беа препознаени како професионални, беше листата на која им беше дозволено да ги следи во живо прес-конференциите за време на пандемијата“ кажа националниот координатор за комуникации, Марјан Забрчанец на регионалната конференција против дезинформации на Регионалниот совет за соработка.

Тој додаде дека ова е пример на „корегулација“, односно регулација преку соработка помеѓу институциите и медиумските и невладините организации.

Забрчнаец додаде дека реалната битка не е помеѓу информациите и дезинформациите, туку на тие што се про демократските вредности и тие што се против нив.

„Изворите на дезинформациите најчесто се тие што напаѓаат, што промовираат хомофобија, кои се против вакцините, кои промовираат национализам и други типови на редикализам, без разлика дали е политички, регилигиозен или идеолошки“ рече Забрчанец.

Тој додаде дека потребна е поголема проактивност во борбата со лажните вести и дезинформациите.

„Ние ја имаме јасната приказна, јасните вредности и не треба да се криеме. Треба да го искористиме тоа за промоција на нашите вредности. Тоа можеме да го направиме преку промоција на активна транспарентност, користење на модерни, дигитални комуникации, соработка со сите засегнати страни и зајакнување на медиунската писменост“ кажа Забрчанец.

Тој додаде дека за прв пат во историјата на земјата, од септември се воведува медиумска писменост како предмет во основното образование, со цел да се поттикне критичко размислување кај децата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот