Забранет влез во Албанија на познат верски проповедник, осомничен за терористички акти
Исламскиот проповедник Имран Хосеин, кој се смета за опасен по безбедноста на Албанија поради терористички акти, попладнево е задржан на меѓународниот аеродром во Тирана. Тој се смета за опасност за националната безбедност на Албанија.
Препорачано
Како што објавуваат албанските медиуми, Хосеин патувал од Јужна Америка – Тринидад во Албанија со религиозна агенда, ама безбедносните структури имале информација против него поврзана со акти на тероризам и поради ова граничната полиција на аеродромот не му дозволила да влезе во Албанија. Го задржале на аеродромот Ринас по што бил испратен во Србија, па во Босна и Херцеговина.
Хосеин е исламски проповедни од Тринидад и Тобаго, познат за неговите коментари за исламската есхатологија и ставови за настани од модерниот свет. Тој е автор и интернационален предавач за исламска економија, глобална политика и интерпретација на современите настани во светлото на Куранот.
Меѓу главните теми за кои зборува е Израел. Хосеин тврди дека Израел не е само политичка држава туку дел од историски и пророчки процес кој е поврзан со крајот на светот во исламска терминологија.
Од друга страна, некои исламски институции го критикуваат за неговата контроверзна интерпретација на хадитите и невообичаени погледи на некои теми.


