Заборавете ја Русија, еве зошто Кина е најголема воена закана во историјата на САД

Кога неделава американскиот Секретар на морнарицата Кенет Брајтвајт изјави дека Кина претставува поголема закана за САД од било која друга закана во историјата, тоа предизвика мала зачуденост кај познавачите на проблематиката, бидејќи како може Кина да биде поголема закана од поранешниот СССР или силите на оската во втората светска војна.

Предупредувањето на Брајтвајт за кинеската закана доаѓа во време на зголемена кинеска воена активност во Јужното кинеско море. Според извештајот на Пентагон од септември, Кинеската морнарица со 350 брода прерасна во квантитативно најголема поморска сила во светот, надминувајќи ја американската која има 293 пловила. Кина исто така е на пат двојно го зголеми бројот на нуклеарни боеви глави во следната деценија.

Американскиот Секретар на морнарицата Кенет Брајтвајт /Фото: EPA-EFE/Al Drago / POOL

Програмата за брза модернизација на своите вооружени сили брзо ја трансформирана Кина во вистинска супер сила, способна да ги проектира своите капацитети низ регионот на Индо-Пацификот но и пошироко.

Годинава Кинеската армија е вклучена и во гранични судири со индиските трупи на спорната линија. Авионите на кинеската Народната ослободителна армија постојано зуеја над тајванската и јапонската воздушна одбрана, а кинеските бродови беа вклучени во повеќе инциденти и со американски бродови во спорните води на Јужното кинеско море.

Активисти на протестираат против Кина, палат кинески знамиња и фотографии со ликот на претседателот Си Џипинг / Бопал, Индија 16 јуни / Фото: EPA-EFE/SANJEEV GUPTA

Во исто време Пекинг ги подготвува своите поморски единици во Пацификот со зголемена фреквенција на воените вежби. Акциите на Кина, особено оние во Јужното кинеско море, претставуваат предизвик за она што американската армија го нарекува слободен и отворен Индо-Пацифик, место каде што според САД трговијата треба да тече без заплашување.

Додека гласачите ширум САД веќе почнуваат да гласаат за претседателските избори во Ноември, зголемувањето на кинеската воена моќ претставува една од најсложените и најитни надворешно-политички проблеми со кои се соочува следниот лидер на земјата.

Тајванскиот проблем

Самоуправуваниот остров доби зголемено ниво на јавна поддршка од Вашингтон за време на администрацијата на Трамп, вклучително и посети на високи официјални претставници на американската влада и продажба на оружје од висока класа како борбени авиони Ф-16. Јасно е дека ниту претседателот Трамп, ниту неговиот демократскиот предизвикувач Бајден нема да се повлечат од поддршката на Тајван.

Американско и тајванско знаме пред компанијата во Њу Тајпеј Сити, Тајван/ 2 јануари 2019 по повод најавата дека САД ќе му продаде на Тајван 100 ракети Харпун/ Фото: EPA-EFE/DAVID CHANG

Пекинг пак продолжува да го гледа Тајван како неразделен дел од неговата територија, Кинескиот претседателот Си Џипинг порача дека една од главните амбиции на Кина е да го „обедини“ островот со копното и при тоа одби да ја исклучи употребата на сила. Тоа значи дека Кина нема да се повлече од зголемениот воен притисок врз островот,  во форма на зголемени летови на военото воздухопловство и поморски вежби во блиските води, без оглед кој ќе биде во Белата куќа.

Американските сили се активни околу Тајван, испраќајќи воени бродови низ Тајванскиот теснец повеќе пати оваа година, а американците праќаат и воени авиони во непосредна близина на островот да ги следат маневрите на кинеската морнарица. Јасно е дека напнатата ситуација е како буре барут кој во секој момент може да екслодира во ограничен или поголем воен конфликт меѓу САД и Кина.

Јужно кинеско море

Пекинг тврди дека скоро целотото Јужно кинеско море е кинеска суверена територија и затоа ги засили напорите да ја утврди својата доминација над водите богати со ресурси. Кина пристапи со невообичена тактика трансформирајќи низа гребени и атоли во вештачки острови и ја зголеми својата поморска активност во регионот.

Американските вооружени сили од друга страна активно се обидуваат да ги оспорат кинеските напори за доминација во Јужното кинеско море. На почетокот на оваа година, американската морнарица двапати пловеше со два носачи на авиони во Јужното кинеско море и истовремено прати бомбардери и извидувачки авиони од Јапонија или Гуам, па дури и од континенталниот дел на САД, и така Америка ја покажа посветеноста кон своите сојузници во регионот.

Американска морнарица/ Фото: EPA/MCSN Cheng S. Yang/HANDOUT

И овие активности на САД ќе продолжат без разлика кој ќе биде следниот претседател. Јужното кинеско море така во моментов преставува регион со најголем ризик во кој може да дојде до судир меѓу кинеските и американските сили.

Зошто Кина преставува толкава главоболка за Америка

Кина за Америка станува посериозен проблем отколку Советскиот сојуз бидејќи Пекинг прво ја изгради својата економија и својата технолошка база пред да ги прошири своите воени способности. Исто така Кина стана многу поголем и поефикасен меѓународен играч, на дипломатски и економски план, отколку што Советскиот Сојуз успеал да стане.

Пандемијата предизвика штети и врз кинеската економија/ Пекинг, Кина/ Фото: EPA-EFE/WU HONG

Америка која во воената трка со Кина влезе со огромна предност сега мора да се осигура дека ќе ја одржи својата индустриска база на исто ниво со Пекинг за да се осигура дека и армијата ќе успее да го следи кинескиот напредок. САД работеа на спротивставување на воената експанзија на Кина преку формирање сојуз со другите нации во регионот, па така Америка често одржува воени маневри со Австралија, Индија и Јапонија.

Следејќи ја досегашната американска воена доктрина сигурно е дека Индија ќе биде еден од главните фактори за спротивставување на Кинеската воена и економска експанзија. Кина од друга страна успешно го искористи времето во кое американските силе беа насочени кон мисиите на Блискиот исток по терористичките напади во 2001 година во САД.

Кинески војници на 6-тите Меѓународни армиски игри во Русија /23 август-5 септември 2020/ Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Кинеските разурнувачи Тип 55, на пример, се смета дека се меѓу најдобрите во светот во класата. Пекинг направи голем напредок и кај ракетните сили претварајќи ги во потенцијални мети и американските бази во Гуам и Јапонија, како и американски носачи на авиони.

Додека Кина го става својот фокус на регионот американската стратегија во исто време мора да се фокусира и на Европа, Блискиот исток и Африка, што преставува уште еден предизвик на Вашингтон. Но јасно е дека доколку Кина успее да воспостави доминација во Индо – пацификот тоа ќе ја намали способноста на Америка да ги одржува своите интереси на друго место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот