Забите ги избелувале со урина, а се лекувале со крвта на гладијаторите: Бизарни навики на старите Римјани

Фото: Принтскрин - Твитер

Денес многумина ја сметаат културата на старите Римјани за основа на западната цивилизација, но со сигурност може да кажеме дека многу од обичаите кои некогаш биле практикувани сигурно не би му се допаднале на современиот човек.

Како главен град на една од најголемите империи во историјата на човештвото, Рим бил центар на различни култури и традиции. И додека и денес се пишува и истражува за одредени обичаи, повеќето од нив за жал се заборавени засекогаш.

Маратонски гозби и повраќање

Познатиот филозоф Сенека еднаш рекол дека Римјаните не биле срамежливи кога станува збор за повраќање, освен тоа, тие повраќале за повторно да јадат. Честопати раскошните гозби траеле и по неколку дена, а за време на тие прилики било консумирано огромно количество храна. Лесно можете да ги замислите богатите Римјани облечени во свилена облека кои лежат околу маса со разноразни јадења за време на празниците.

 

Хранење на мртвите

Со цел да не бидат прогонувани од духот на покојникот, старите Римјани им нуделе на своите мртви храна и пијалак. Така, користеле цевки од дрво, метал или теракота преку кои принесувале вино, пиво, вода, мед, млеко, житарки и разноразни семиња.

 

Крвта на гладијаторите била лековита

Историските извори тврдат дека Римјаните не ги гледале гладијаторите само како обични борци во арените, туку и се верувало дека нивната крв има исцелителна моќ. По завршувањето на борбите, била продавана крвта на гладијаторите за која Римјаните верувале дека можела да послужи за „чистење на душата“. Но, со текот на времето, тие почнале да веруваат дека таа е чудотворен лек за многу болести.

Урината се користела за сè и сешто

Првично, урината се користела за перење алишта и за ѓубрење на почвата, но со текот на времето Римјаните почнале да ја користат за избелување на забите. Фактот што за тоа пишувал поетот Катул кажува дека урината била особено популарна како средство за плакнење на устата. Така, на својот ривал Егнациј кој имал екстремно бели заби му рекол дека најверојатно се такви бидејќи ја пиел сопствената урина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот