За власта историски, а за опозицијата компромитирачки: Започнува изградбата на автопатишта на Коридорите 8 и 10д
Владата предводена од СДСМ започнува со реализација на историска инвестиција во изградба на современа патна инфраструктура во државата. Започнува изградба на 110 километри автопат на Коридорот 8 и Коридорот 10Д, како еден од најголемите инфраструктурни проекти во државата, во вредност од 1,3 милијарди евра, велат од партијата.
Препорачано
Опозицијата обвинува дека вицепремиерот Артан Груби и Владата го компромитираат целиот процес со надзорот на изградбата на Коридорите 8 и 10д. Според нив, конзорциумот воден од ИРД е во состав на фирми со сомнителна позадина.
Овој проект, како што информираа од Владата опфаќа изградба на делницата Тетово- Гостивар во должина од над 17 километри, Гостивар – Букојчани во должина од 30,3 километри, Требениште – Струга – Ќафасан од 22 километри, како и автопатот Прилеп – Битола во должина од речиси 40 километри.
Од СДСМ порачаа дека квалитетните патишта го олеснуваат животот, ги зближуваат граѓаните и поволно влијаат врз развојот на сообраќајот, трговијата, еконoмијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Јавното обвинителство не смее да остане немо на сиот сомнеж за корупција и мора да отвори случај.
Прашање од 1,3 милијарди евра: Има ли корупција во автопатите?


