За утре закажан протест пред тетовскиот суд: Ќе се бара правда и одговорност за пожарот во модуларната болница
На Фејбук масовно се споделува најава за протест кој ќе се одржи утре во 12 часот пред Основниот суд во Тетово.
Препорачано
Стои дека ќе се протестира за правда и лоцирање на одговорноста за пожарот во модуларната болница во Тетово во која пред две години изгореа 14 лица.
Не се наведува кој е организатор на протестот, но најавата за истиот го споделуваат невладини организации и граѓани.
Но, протестот го подржа и новата партија на Изет Меџити, Демократско движење која ги повикаа своите симпатизери да застанат рамо до рамо со демонстрантите, организирани од граѓански здруженија.
Инаку протестот следи по истражувањето на ИРЛ емитувано на МРТВ со наслов „Убиство во Тетово“.
Истражувањето на ИРЛ меѓу другото открива пропусти во тендерската спецификација на Министерството за здравство, со кое не биле запазени безбедносните аспекти. Материјалите што биле вградени биле лесно запаливи, се вели во документарецот.
Во истражувањето беше обелоденет и извештајот на германското вештачење, кое ги лоцира причините за брзото ширење на пожарот што придонесе да има голем број на жртви.


