Кочани се простува од загинатите во пожарот во „Пулс“ / Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

За трагедијата во Кочани сослушани 300 сведоци – се собираат и нови докази

Истрагата која се води за трагичниот настан во Кочани, треба да заврши за десетина денови. По завршување на истражните дејства, одбраната ќе има можност за увид во доказите, а обвинителниот акт се чека да биде готов во средината на јуни, најави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Јавното обвинителство.

– И вчера и во моментов се распрашуваат сведоци, осомничени, се прибираат докази. Досега се распрашaни голем број на сведоци, можеби над три стотини. Се надевам дека јавните обвинителите ќе ја завршат постапката предвидена со динамиката – рече Коцевски.

Тој повтори дека се работи на собирање и на нови докази и посочи дека ако јавните обвинители откријат нови моменти, истрагата ќе биде проширена.

Во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март 2025 година, а во кој загинаа 62 лица, досега се осомничени 68 физички и три правни лица.

Пожарот беше предизвикан од искри од пиротехнички ефекти за време на концерт на групата „ДНК“. Дискотеката работела без валидна лиценца и прекршувала бројни безбедносни стандарди, вклучувајќи недостаток на противпожарни системи и доволно излези за евакуација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот