За Светскиот ден на дијабетесот со д-р Горан Николов, интернист-кардиолог: Кандида албиканс, канцерогените клетки, потенцијално фаталниот метаболен синдром имаат нешто заедничко- многу го „сакаат“ шеќерот!

Денес, 14 ноември, е Светски ден на дијабетесот. Со практикување превентивна медицина допринесуваме за подобрување на своето здравје и за подигнување на свеста за дијабетесот.

Наутро после будење брзаме на работа, на училиште или на факултет, поради што не стигнуваме да седнеме и изедеме здрав појадок и попат јадеме бели печива (бурек, банички, ѓеврек, переци итн.), ќе испиеме сок или кафе. Да, тоа ни се чини практично, така малку-помалку ни станува навика. Крофните, лиснатото тесто, кафето со шеќер, сокови збогатени со шеќер, подоцна во тек на денот може и пица со кока-кола, за ручек или сендвич со бел леб (на пример, багет), нешто брзо од самопослуга…и така со години.

Внесувате повеќе јагленихидрати, најмногу оние со висок гликемиски индекс-ГИ (тоа се оние храни кои ослободуваат голема количина на шеќер во крвта набргу по нивното конзумирање), а вашето тело со години се навикнува на тоа. Како што не ги менуваме навиките, панкреасот, кој со години така добро нè служел и лачел – испраќал инсулин да го расчисти тоа изобилие на шеќер, за жал, помалку почнал да се троши!

Панкреасот повеќе не е толку способен да му обезбеди на телото доволно количество на инсулин, поради што вишокот на шеќер останува во крвта, а клетките во ткивата стануваат отпорни на делувањето на инсулинот (инсулинска резистенција), а најмногу тоа е изразено во мускулите, црниот дроб и масното ткиво. Така, до вчера сте биле чувствителни на инсулин, а денес сте инсулински резистентни!

pixabay

До неодамна инсулинот го „средувал“ и вашиот метаболизам на мастите, сега тој ослабнува и се забавува, па процесот е отежнат, и забележувате дека сте се здебелиле, особено околу стомакот. Но и понатаму не се грижите премногу за тоа, немате време за физичка активност, а после некое време, уште повеќе сте се здебелиле… И ете ве на чекор од метаболниот синдром, понатаму до дијабетес мелитус, инфаркт на срцето или мозочен удар. Дури тогаш сфаќате дека изборот на храна и лошите животни навики скоро ве усмртиле! Состојби и болестите кои го забрзуваат стареењето, го исрцрпуваат и слабеат нашиот имунолошки систем, а се потенцијално фатални и се во директна спрега со шеќерот.

Шеќерот, тој опасен сладок стимуланс“ ѝ  помага на Кандидата да се размножува

Кандида албиканс (Candida albicans), канцерогените клетки, потенцијално фаталниот метаболен синдром имаат нешто заедничко- многу го „сакаат“ шеќерот!

Кандида албиканс e габичка која предизвикува вагинален јадеж, бел густ исцедок, непријатен мирис. Инфекцијата со оваа габичка се нарекува кандидијаза. Таа може да ги нападне и усната шуплина, грлото, дигестивниот систем. Станува збор за отпорна габичка која го напаѓа нашето тело безмалку секаде.

Дуење на стомакот, гасови, запек, пролив, потреба за слатки, главоболки, мигрена, вознемиреност, хроничен замор, кожен осип, болки во зглобовите, несоница, постојана кашлица- една цела палета на симптоми кои ги предизвикува Кандида албиканс, што во крајна линија предизвикува слабеење на имунитетот.

Потребата за слатки кај кандидијазата е само показател, дека таа го „сака“ шеќерот, тоа слатко искушение. Според тоа, нутритивната стратегија кај оваа габична инфекција ќе биде насочена кон целосно елиминирање на храната која содржи шеќер, и тоа со причина- Кандида албиканс да се изгладни и така да се уништи. Но она што се чини многу едноставно е всушност многу тешко. Затоа што кога таа габичка веќе не ја храниме со шеќер, со она во што таа „ужива“, тогаш симптомите се интензивираат, па затоа исклучително е важно тој момент да се препознае на време и да не се дозволи внес на шеќер кој би ја ревитализирал!

Во нутритивната терапија против Кандида која ја препорачуваме важно место има елиминациската диета која меѓу другото ја одредуваме со тестот на интолеранција на храна на повеќе од 250 намирници, а со која на пациентот му се забранува внес на шеќер, и други намирници кои содржат шеќери вклучително мед, малтоза, декстроза, сукроза, фруктоза и посебно слатките овошја.

Во нутритивната терапија против Кандида која ја препорачуваме важно место има елиминациската диета која меѓу другото ја одредуваме со тестот на интолеранција на храна (на повеќе од 250 намирници), а со која на пациентот му се забранува внес на шеќер, и други намирници кои содржат шеќери вклучително мед, малтоза, декстроза, сукроза, фруктоза и посебно слатките овошја како грозјето, лубеницата, праските, сите видови на суво и конзервирано овошје (компоти, џемови). Бидејќи, шеќерот, тој „опасен сладок стимуланс“ ѝ  помага на Кандидата да се размножува.

Центар за внатрешни болести „Срце“

Ул. „3-та македонска бригада“ бр. 45/1-2, 1000 Скопје

Тел. 02/3217-016, моб. 071/319-208

КОМЕРЦИЈАЛЕН ПР ТЕКСТ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот