За спорот меѓу „Ербас“ и „Боинг“: ЕУ ќе воведе царини за американски производи во вредност од 3,37 милијарди долари

Фото: EPA-EFE/MATT CAMPBELL

Европската Унија (ЕУ) ќе воведе царини за американски производи во спорот околу производителите на авиони „Ербас“ и „Боинг“, соопшти денеска потпретседателот на Европската комисија (ЕК), Валдис Домбровскис.

Неодамнешната одлука на Светската Трговска Организација (СТО) и дозволи на ЕУ да воведува царини, рече Домбровскис.

– И тоа е она што го правиме, додаде тој.

Пресудата, изречена во средината на октомври, и дозволува на ЕУ да воведе царини во вредност од скоро четири милијарди долари (3,37 милијарди евра) годишно на увозот од САД за да возврати на нефер субвенциите за авиони.

ЕУ, сепак, ќе остане отворена за преговори, со тоа што Комисијата се залага двете страни да се откажат од царините за производите, рече Домбровскис.

Во сличен случај, СТО им дозволи на САД во 2019 година да воведат царини за производи од ЕУ во вредност од 7,5 милијарди долари (6,3 милијарди евра) како одговор на нелегалната државна помош за европскиот производител на авиони „Ербас“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот