За седум дена во Битола подигнати 200 метри кубни отпад

Градежен отпад, Фото: Архива

ЈП „Комуналец” – Битола во соработка со локалните јавни претпријатија и со поддршка на локалното население за седум дена исчисти 200 метри кубни отпад.

На денешната завршна акција организирана по повод неделата на еколошки акции, директорот на ЈП „Комуналец”-Битола Панде Богоевски истакна дека ефикасната реализација е резултат на поголемата вклученост на граѓаните.

– Нашата упорност и работливост вроди со плод, свеста кај граѓаните се подигнува, а потврда за тоа е нивното зголемено учество во овие акции. За само седум дена во Битола подигнати се над 200 метри кубни отпад. Денес чистевме во месноста „Боримечка”, „Буковски ливади”, „Тепсија”, Стар интернат и клучка Ротино, а во акцијата со сите ресурси се и вклучија локалните ЈП „Водовод”, ЈП „Нискоградба”, ЈП „Пазари” и ЈП „Паркинзи”. Исчистени се 20 депонии на исто толку локации, и што е најважно сите локации се исчистени на барање на граѓаните кои заедно со нас чистеја за поубава околина, посочи Богоевски.

ЈП „Комуналец”-Битола искажа јавна благодарност до медиумите кои ја афирмираа еколошката акција, како и до граѓаните. Богоевски посочи дека акцијата за гломазен отпад станува добра навика, граѓаните се јавуваат и од нивните домови се подига гломазниот отпад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот