За Сали шпекулација е дека ќе биде сменет, Ковачевски со забелешки за ресорот здравство

Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Министерството не е мое, сигурно ќе го наследи некој по мене, одговори министерот за здравство Беким Сали на прашање дали ќе го отстапи Министерството за здравство на Алијанса за Албанците или Алтернатива ќе излезе од Владата. Премиерот Димитар Ковачевски пак, со изјавата дека Министерството за здравство треба да има поинтензивни активности за новата штипска Клиничка болница, како да навестува смена на Сали и потврда на неофицијалните информации дека е незадоволен од работата на министерот за здравство.

„Тоа се политички одлуки, сѐ уште нема конкретни разговори, нема преговори, сето ова е во делот на шпекулации што се повторуваат од септември наваму. Веќе петти месец се соочувам со прашањето дали ќе го отстапам Министерството. Не е мое. Јас сум го наследил од некој министер, сигурно ќе го наследи некој после мене. Важно е кој било да е во оваа позиција, да биде максимално посветен на првично функционирање на системот“, рече Сали.

Ковачевски смета дека активностите на Министерството за здравство треба да бидат понитензивни за да се најде решение за изградба на новата Клиничка болница во Штип.

Тој посочи дека за решавање на овој проблем е разговарано и на седница на Влада, бидејќи како што вели, секое одложување на ваков населеден проблем не го олеснува, туку го усложнува проблемот заради растот на цените на градежните материјали.

„Зградата стои и веројатно после толку години ќе треба да се изработи и ревидиран проект, бидејќи самата опрема која била пред седум години планирана, денеска таква опрема сигурно и по габарит е помала и по функционалност и заради тоа треба да биде направено. Меѓутоа причините се што во тоа време бил избран изведувач, ко јшто заради најразлични причини, а сите ги знаеме причините, не е во можност да функционира, ниту постои, а потоа и низ судските лавиринти доаѓа до некакво порамнување и сега имаме некоја појасна слика со кого треба да се преговара и да се продолжи“, рече Ковачевски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот