За пресудата на Додик се огласи и Патријархот на СПЦ Порфириј
Патријархот на Српската православна црква (СПЦ) Порфириј денеска оцени дека целта на пресудата на Судот на Босна и Херцеговина (БиХ) против претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик е „да се поништи демократски изразената волја на српскиот народ“ и со тоа „да се делегитимира целокупното постоење на РС, народот на Србија и на тој начин на Србија“.
Препорачано
Како што се наведува во соопштението на СПЦ, патријархот денеска го посети Додик во Бања Лука и апелираше до сите власти да преземат одговорност за зачувување на мирот, а до меѓународните воени единици (ЕУФОР) да направат се што е во рамките на нивниот мандат да ги намалат тензиите и антагонизмите и да не претставуваат закана за ниту една од заедниците.
Во соопштението се наведува дека Додик по тој повод изјавил дека раководството на Република Српска е обединето и решено да користи политички и правни средства за да го брани Дејтонскиот устав на Босна и Херцеговина како единствена можна рамка за живот во БиХ.
Тој оцени и дека улогата на црквата е од незаменливо значење за зачувување на идентитетот на српскиот народ на тие простори.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


