За подобро варење: Кои пијалаци треба да ги пиете по оброк за да ви биде подобро?

Фото: Elke Meitzel / Carte Blanche / Profimedia

Одржувањето на хидратацијата е важно за варењето. Топлата вода, билните чаеви и одредени сокови исто така можат да го намалат воспалението и да помогнат во подобрувањето на здравјето на цревата.

Тежината и болките во стомакот се само дел од проблемите со кои може да се соочите кога дигестивниот систем не ви работи добро, пишува „Хелтлајн“ (Healthline.com).

Меѓутоа, можете да го помогнете варењето така што ќе консумирате пијалак што го смирува вашиот дигестивен тракт, го подобрува здравјето на цревата и поттикнува апсорпција на хранливите материи.

Топлата вода и комбухата можат да му помогнат на варењето, но треба да избегнувате прекумерни количини на алкохол или газирани пијалаци ако имате проблеми со варењето (дигестивниот тракт).

Што треба да пиете по оброк за да го помогнете варењето?

Кога храната или течноста влегуваат во телото, патува низ хранопроводникот до желудникот каде што се разложува со ензимите за варење. Потоа влегува во цревата каде хранливите материи се апсорбираат во крвотокот.

Во текот на овој процес, бактериите во цревата играат важна улога во функцијата на варењето. Всушност, нарушувањето на бактериите во цревата е поврзано со дебелината и воспалителните болести на цревата.

Водата и влакната се исто така важни во овој процес, помагајќи во минувањето на отпадот низ дигестивниот тракт и омекнување на празнењето на цревата.

Пијалаците кои ја зголемуваат апсорпцијата на хранливи материи, го промовираат здравјето на цревата и помагаат во спречување на воспаление во цревата вклучуваат:

Вода: Освен што е важна за варењето, истражувањата покажуваат дека топлата вода може да им помогне на бактериите во цревата.

Билни и зачинети чаеви: Тоа вклучува чај од пеперминт, чај од куркума, чај од ѓумбир и чај од анасон. Билките и зачините во чајот можат да го намалат воспалението и да ги ублажат симптомите на дигестивните проблеми.

Сок од сливи: Богата со влакна, оваа напивка може да го поттикне празнењето на цревата.

Зелени сокови или смути: Овие пијалаци содржат високо ниво на вода и влакна, кои можат да помогнат за непречено поминување на отпадот низ дигестивниот систем.

Комбуха: Извор на многу пробиотици, истражувањата покажуваат дека овој пијалак може да помогне и во апсорпцијата на хранливи материи.

Кефир: Преполн со пробиотици, овој ферментиран пијалак содржи различни важни хранливи материи.

Кои пијалаци треба да ги избегнувате по оброк?

Додека некои пијалаци може да го подобрат варењето, други се очигледно помалку корисни. На пример, гасот во газираните пијалаци може да го зголеми нивото на киселина во желудникот, предизвикувајќи надуеност и непријатен нагон за подригнување.

Истражувањата јасно покажуваат дека консумирањето големи количини алкохол може:

– да го зголеми воспалението во цревата
– да го оштети вашиот дигестивен тракт
– негативно да влијае на здравјето на вашите црева

Нешто што исто така треба да имате на ум: ако сте нетолерантни на лактоза, консумирањето пијалци со кравјо млеко може да доведе до гастроинтестинални нарушувања и воспаленија.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот