За овие три хороскопски знаци петок 13-ти е среќен ден!
Петок 13-ти традиционално се смета за ден кој носи несреќа и чудни вибрации. Многумина избегнуваат важни одлуки или се потпираат на верувања за да ја избегнат „можната“ несреќа. Но, додека некои гледаат на овој датум со страв, за одредени хороскопски знаци Петок 13-ти е вистинска прилика за прослава, пишува „Bustle“.
Препорачано
За некои луѓе, овој ден носи посебна магија. Наместо да се плашат, тие го доживуваат како момент за изразување на својата енергија, интуиција и креативност. Петок 13-ти за нив не е само датум – туку можност да се поврзат со себе и со светот на подлабоко ниво.
Според астрологот Инбаал Хонигман, бројот 13 се издвојува од универзалната поделба на 12 (12 хороскопски знаци, 12 месеци, 12 куќи, 12 часа во денот), што го прави посебен и мистериозен. За одредени знаци ова донесува чувство на магија и можности, додека за други е ден за продуктивност и самоанализа.
Знаците за кои Петок 13-ти е среќен ден:
Бик (20 април – 20 мај):
Биковите не дозволуваат верувањата за несреќа да ги запречат. Со својата упорност и стабилност, тие овој ден го користат за да покажат дека се над празноверието. Петок 13-ти може да биде момент за опуштање, вечер дома или уживање во мали ритуали.
Шкорпија (23 октомври – 21 ноември):
Таинствените и интуитивни Шкорпии го доживуваат Петок 13-ти како повик за истражување на мистериите и внатрешните промени. Тие можат да организираат хорор филмска вечер, да читаат тарот карти или да медитираат, уживајќи во магичната енергија на денот.
Риби (19 февруари – 20 март):
Осетливите и интуитивни Риби го гледаат Петок 13-ти како ден полн со знаци и инспирација од универзумот. За нив, тоа е совршена прилика за медитација, самоанализа и поврзување со духовноста. Симболите и фантазијата го прават денот посебен и магичен.


