За одбраната се сосема доволни два отсто од БДП, вели Шпанија по барањата од САД за пет отсто
Шпанија стои зад својата цел за трошоци за одбрана од 2% од БДП, изјави денеска шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес, додека расте притисокот од раководството на НАТО и САД врз медитеранската земја да ги зголеми, пренесе „Ројтерс“.
Препорачано
„Важно е секоја земја да може да ги исполни целите што си ги има поставено“, изјави Роблес на маргините на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, на кој една од главните теми е зголемувањето на трошоците за одбраната.
Претходно, американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека меѓу министрите за одбрана на членките на НАТО „речиси да постои консензус“ околу зголемувањето на трошоците за одбраната на ниво од пет проценти од БДП, додавајќи дека очекува потврда на оваа одлука на Самитот на Алијансата во Хаг, што треба да се одржи од 24 до 26 јуни.
И покрај ставот дека „два отсто трошоци се доволни“, Роблес нагласи дека на Самитот во Хаг Шпанија нема да стави вето на одлуката на НАТО за зголемување на целта за издвојувања за одбрана.
НАТО ќе ги подобри своите одбранбени капацитети со нови, поамбициозни цели


