За една недела казнети 19 граѓани кои фрлале отпад на јавни површини
Комуналните редари санкционираат несовесни граѓани за прекршоци како фрлање и оставање на отпадоци од градежен материјал, фрлање и оставање на хартија, отпушоци, амбалажи и други отпадоци, фрлање на стари предмети од домаќинство и смет од вршење на дејности, продажба и излагање на земјоделски и индустриски производи.
Вкупно 19 граѓани кои несовесно фрлале секаков тип на отпад на јавните површини во градот биле казнети од страна на комуналните редари на Град Скопје поради прекршување на Законот за јавна чистота.
Препорачано
Комуналните редари на Град Скопје континуирано спроведуваат контроли на терен, при што изминатава недела се изречени 19 казни за прекршување на Законот за јавна чистота. Комуналните редари санкционираат несовесни граѓани за прекршоци како фрлање и оставање на отпадоци од градежен материјал, фрлање и оставање на хартија, отпушоци, амбалажи и други отпадоци, фрлање на стари предмети од домаќинство и смет од вршење на дејности, продажба и излагање на земјоделски и индустриски производи. Активностите беа спроведени во општините Центар, Карпош, Аеродром, додека дополнителни екипи делуваат на Водно и други локации – информираат од Град Скопје.


