За да се избегнат оштетувања, но и да не страдаат главите на граѓаните: Сообраќајните знаци во Тетово се поставуваат на столбови од 4 метри

Фото: mia.mk

Секторот за комунални дејности при Општина Тетово во овој период постави сообраќајни знаци на повисоки столбови на неколку места во градот со цел да не бидат предмет на намерни оштетувања од несовесни граѓани.

– Такви столбови се користени и порано во Тетово. Станува збор за метални столбови за сообраќајни знаци што се високи вкупно четири метри од кои пола метар мора да биде во земја.  Постарите модели се 180 сантиметри, па ако на столбот има два сообраќајни знака, честопати се предмет на оштетувања, но и проблем на граѓаните да минат крај нив на тротоар, информираат од Секторот за комунални дејности при Општина Тетово.

Според претставници на секторот, до 30-тина сообраќајни знаци со столбови годишно се евидентираат како оштетени. За менување на оштетените столбови, сообраќајни знаци и семафори во 2020 година е потпишан договор за јавна набавка со фирма од Гостивар во вредност од над еден милион денари, објавен на електронскиот систем за јавни набавки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот