За да прогласиме крај на епидемијата, треба да немаме ниеден заразен 28 дена по ред!

Д-р Никола Пановски / Фото: Архива на Слободен Печат

За да се прогласи крај на епидемијата со коронавирусот во земјава, треба да нема ниеден нов случај на заразен во период од два инкубациони периоди на болеста, во случајов два пати по 14, односно 28 дена. Професорот на Медицинскиот факултет, доктор Никола Пановски за „Слободен печат“ вели дека ова практично е невозможно на глобално ниво, меѓутоа локално е можно.

– На пример, во некој град во Македонија, ако нема нов случај 28 дена, се знае дека таму нема ниту еден активен случај. Во секој случај, сега имаме ендемија, а не пандемија, односно спорадични случаи на болеста, појаснува доктор Пановски.

Во меѓувреме, владата на Словенија најави дека ја прекинува состојбата на епидемија, но мерките за заштита и понатаму остануваат на сила. Во оваа земја, последните 24 часа биле евидентирани само 24 нови случаи на коронавирусот од 1.023 направени тестови, што претставува 2,3 проценти од сите позитивни случаи. Сепак, таму ќе се носат маски додека не се влезе во зелената фаза, според критериумите на Европскиот центар за контрола и превенција на болести, очекување кое што е резервирано за јули.

Интервју со д-р Мехмедовиќ: Индиската мутација предизвикува гангрена и губење на слухот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот